Човек со лазење поминува улица поради лизгавиот снег / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Хит на социјалните мрежи – скопјанец со лазење помина улица

Снегот утрово направи хаос во сообраќајот, но и го отежна движењето на граѓаните. Скопјани кои денеска одеа пеш на работа или се движеа до автобуските станици тоа го правеа едвај, со голема внимателност да не паднат поради мразот на улиците.

Една таква ситуација беше снимена на улица во скопската населба Аеродром. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа човек како со лазење поминува улица на пешачки премин. Некои коментираат дека човекот морал така да ја помине улицата поради ненавременото чистење на снегот од страна на службите, додека пак кај други тоа предизвика смеа.

Како што може да се види, човекот е облечен во патики па со нив му е лизгаво на снегот, кој што најверојатно утрово многумина ги изненади.

Во меѓувреме градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.

Неговата објава предизвика „лавина“ реакции на скопјани кои во коментари му укажуваат дека не е така како што тврди, дека ништо не е исчистено и го повикуваат да излезе на терен за да види како работат неговите служби.

Скопје како лизгалиште, а Ѓорѓиевски тврди дека сѐ е под контрола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот