ВИДЕО: Хаос на аеродромот во Шангај, терстирањето за ковид-19 излезе од контрола

На видеата што се појавија на социјалните мрежи, полицајци во заштитни одела им викаат на луѓето и ги присилуваат во затворен простор на аеродромот во Шангај каде што беше спроведено тмасовно тестирање за коронавирус.

Повеќето од контроверзните видеа исчезнаа во меѓувреме, веројатно благодарение на работењето на државните цензори кои ја следат „контроверзната“ содржина на мрежите, а државните медиуми не објавија хаос туку само известија дека преку 16.000 луѓе биле тестирани во една ноќ, пренесува BBC

Според кинескиот весник Глобал тајмс, масовното тестирање започнало во неделата попладне, откако неколку работници и нивните блиски контакти добиле позитивен тест за коронавирус.

Шангај пријави најмалку седум локални случаи од 9 ноември, главно поврзани со аеродромот, откако градот беше ослободен од новопотврдени инфекции за пет месеци.

Масовното тестирање е една од алатките што кинеската влада ја користи за следење на ковида-19 – затоа во мај тестираше 11 милиони жители на Вухан, градот каде што за прв пат беше идентификуван новиот коронавирус.

Кинеската новинска агенција Синхуа пишува дека сите вработени сега ќе мора редовно да се тестираат, а вакцини ќе добијат и оние кои работат на ризични работни места. Иако ниту една кинеска вакцина сè уште не е целосно одобрена, некои, како и медицинскиот персонал, веќе добиле доза.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина од почетокот на пандемијата е нешто повеќе од 92.000, а бројот на смртни случаи е нешто поголем од 4.700. Кина не вклучува асимптоматски случаи во својата официјална статистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот