ВИДЕО: Грета ги исмеа светските лидери

Грета Тунберг ги исмеа светските лидери/ Фото Screenshot BBC

Младата климатска активистка од Шведска, Грета Тунберг, ја искористи можноста да се потсмева со зборовите на некои од светските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Борис Џонсон, за време на нејзиниот говор на конференцијата „Youth4Climate“ во Милано. 

18-годишната искористи снимки на Џонсон како ги зборува неговите чести изрази, како што се „build back better“ (фраза која се однесува на закрепнувањето на општеството по ковид пандемијата), за да покаже како изгледаат „празни зборови и ветувања“ на политичарите.  

„Подобро изгради, бла бла бла. Зелена економија, бла бла бла. Ова не е за некој скап, политички коректен чин на гушкање скапи зајаци, бла бла бла. Подобро изгради, бла бла бла. Зелена економија, бла бла бла. Нулта емисија до 2050 година, бла бла бла. Тоа е се што слушаме од нашите таканаречени лидери. Зборови. Зборови што звучат одлично, но досега не водеа на какви било дејствија “, рече Тунберг.  

„Нашите надежи и соништа се потопени во нивните празни зборови и ветувања. Се разбира, ни треба конструктивен дијалог, но веќе 30 години слушаме едно исто и каде не одведе тоа?” додаде таа.  

“Надежта не е пасивна. Надежта не е бла, бла, бла. Но, се разбира, се уште можеме да свртиме се. Ќе бидат потребни драстични годишни намалувања на емисиите што светот никогаш не ги видел досега. Со оглед на тоа што се уште ги немаме технолошките решенија што можат да не доведат до тоа, тоа значи мораме да се смениме самите себе. Не можеме повеќе да им дозволуваме на оние што имаат моќ да одлучуваат што е политички можно, а што не, не можеме повеќе да им дозволуваме да одлучуваат што е надежта, таа не е пасивна. Надежта не е „бла, бла, бла“ Надеж е кога ја кажуваш вистината Надежта презема конкретни активности. Надежта секогаш доаѓа од луѓето”, рече Грета.  

По говорот, таа ги повика луѓето да не губат надеж, велејќи дека промената е „не само можна, туку и апсолутно неопходна“, пишува Би -Би -Си. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот