ВИДЕО | Готвиме со Маја: Гулаш од пилешки џигер

готвиме со маја
Фото: Промо

Гулаш од пилешки џигер

– 1 кутија пилешки џигер
– 2 главици кромид
– 3 чешниња лук
– 3 листови ловор
– 1 лажица Вегета Класик
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица Фант за гулаш
– Сол
– Бибер
– 4-5 лажици масло

1. Кромидот исечете го на тенки половинки и пржете го на тава
2. Додадете ситно сецкан лук и зачинете со сол, бибер и ловор
3. Додадете го џигерот и пржете го додена не обели целосно
4. Потоа зачинете со Вегета, црвен пипер и Фант за гулаш и паприкаш
5. Ставете зовриена вода и динстајте околу 20 минути

Готвиме со маја
Фото: Промо

Тава со брокула

– 2 главици брокула
– 10 шери домати
– 200 г мешан кашкавал
– 1 моцарела
– 50 г пармезан
– 50 г чедар
– Сол
– Бибер
– 1 лажица путер
– 2 лажици маслиново масло
– Суво оригано
– 1/2 лажичка сув кромид
– Допир куркума

1. Брокулата искршете ја на ситни цветови и обарете ја на пареа, но не повеќе од 3 минути
2. Обарената брокула ставете ја во керамичка тава, ставете во тавата масло, сол, шери домати, парченца путер на неколку места, сув лук, сув кромид, оригано, куркума, мешан кашкавал, моцарела, пармезан, чедар и малку масло
3. Ставете ја брокулата во загреана рерна на 200 степени и печете околу 20 минути

Готвиме со маја
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот