ВИДЕО | Гори познат облакодер во Судан

Фото Би-Би-Си

За време на тешките борби меѓу армијата и противничките сили во Судан, избувна пожар во неколку згради. На видеата кои вчера се појавија на социјалните мрежи се гледа како гори познатата кула на нафтената компанија Грејтер Најл Петролеум во Картум.

Облакодерот од 18 ката се наоѓа во близина на реката Нил и е една од најпрепознатливите знаменитости во главниот град на Судан. Засега не е познато што го предизвикало пожарот во кулата со стаклена предна страна. Нема извештаи за повредени или загинати, пишува Би-Би-Си.

Конфликтот во Судан избувна во средината на април кога повеќемесечните тензии меѓу суданскиот армиски генерал Абдел Фатах Бурхан и неговиот ривал, генералот Мохамед Хамдан Дагало, кој командува со паравоените сили на РСФ, избија во отворени борби.

Завојуваните страни, кои се судрија околу плановите за интегрирање на нивните трупи под покровителство на меѓународната заедница како дел од транзицијата кон демократија, негираат одговорност за многу од нападите во кои загинаа цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот