ВИДЕО | Гордана Гоџо се расправа пред училиште: Моето дете нема да носи маска, вршите геноцид!

Фото Фејсбук принтскрин

Предводничката на антивакциналните протести и дел од здружението на граѓани ,,Од нас за нас”, Гордана Гоџо, се снимала додека пред училишна зграда се расправа со образовниот кадар и директорката на училиштето затоа што не сака нејзиното дете да влезе на час со маска. Видеото трае 19 минути и во него Гоџо го обвинува образовниот кадар дека и ги крши уставните права и дека ,,врши кривично дело уцена” затоа што бара да се почитуваат протоколите донесени од страна на владата на земјава, за превенција на ширење на коронавирусот.

Наставниот кадар постојано во видео материјалот ја разуверува Гоџо дека носењето маски е за здравјето на нејзиното дете, но таа е упорна дека од маската детето се гуши и не нуди никаква заштита.

-Не сум купила маска две години. Од што ве штити маската, во аптека сте побарале декларација да видите од што ве штити оваа крпа?, рече Гоџо.

За Гоџо здравствените протоколи немаат научен доказ.

-Се знам луѓе, до најситен детал и не можете со мене. Вие го гушите детето. Другите деца носат маска, значи заштитени се. Значи нема проблем моето дете да не носи. А гарантирам дека утре уште половина клас нема да сака да носи. Немате никакви докази, спроведувате работи ненаучно докажани. Ви не сте здравствена установа туку воспитно научна установа, вели Гоџо кога секретарот на училиштето и вели дека протоколите се следат и се наложена јавноздравствена мерка.

Целото видео погледнете го во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот