ВИДЕО | Големо изненадување во Шангај: Унгарецот Марошан го елиминираше Руд

Фото: EPA-EFE/ANDRES MARTINEZ CASARES

Унгарскиот тенисер, Фабијан Марошан се пласираше на Мастерсот во Шангај откако денес во осминафиналето славеше против Каспер Руд со 2:1 (7:6, 3:6, 6:4).

Битката траеше два часа и 40 минути, а Марошан големата победа ја најави во првиот сет кој му припадна со 7:6. Во игра Руд се врати по големата борба откако го доби вториот сет со 6:3.

Унгарецот сепак одново беше одличен и во одлучувачкиот сет му пресуди на деветтиот тенисер во светот со 6:4. Во четвртфиналето Марошан ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Хуберт Хуркач и Жижен Жанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот