ВИДЕО: Голема експлозија на Крим – oд утрово одекнуваат детонации кај градот Џанкој

Фото: Твитер

Извештаи и снимки од експлозии доаѓаат утринава од окупираните територии на југот и југоистокот на Украина.

Украинската телевизија „Некст“ објави непотврдена снимка од експлозијата, наводно од градот Џанкој на северот на Крим. Руски РИА Новости, исто така, јави дека трафостаница во тој град се запалила околу 06:00 часот утринава по локално време.

Според извештаите на локалните медиуми, во селото Мајскоје, 25 километри југоисточно од Џанкоје, се запалил и складиште за муниција. Рускиот административен лидер на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека итно отишол во Мајскоје за да ја истражи експлозијата на трафостаницата. Причината за експлозијата се уште не е позната.

Околу 2.000 жители се евакуирани од Мајско, а двајца цивили се полесно повредени изјавија локалните власти за РИА Новости, додавајќи дека „муницијата детонирала во поранешната област на селската фарма каде привремено се наоѓал воениот објект“,

Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател, на Твитер ја објави наводната снимка од експлозии утрово на Крим.

Уште една голема експлозија го потресе Крим, пишува „Дејли мејл“, додавајќи дека огнената топка избувнала во магацинот за муниција.

Русија: Пожар и детонација во магацин

Руското Министерство за одбрана соопшти дека како последица на пожар во воена област кај селото Мајско на Крим, складираната муниција се детонирала
Според извештаите, пожарот избувнал во магацинот за муниција, поради што муницијата се активирала, пренесува Интерфакс.

Според информациите од местото на настанот, засега нема сериозни повредени“, велат од руското министерство.

Се преземаат мерки за гаснење на пожарот и откривање на причините за пожарот.

Телевизијата „Некста“ објави и снимка од наводни „експлозии во окупираниот Доњецк“.

Крим неодамна беше погоден од експлозии, кои предизвикаа огромен облак од чад во близина на аеродромот во воената база Саки во Новофедоривка, а во инцидентот загина едно лице, а 13 лица беа повредени, според руските власти. Иако руските власти рекоа дека не станува збор за напад, туку за експлозија на муниција, многумина се сомневаат во официјалната верзија на настаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот