ВИДЕО| Голем број на луѓе кои протестираат на белградските улици, распоредени се силни полициски сили
Како што се вжештува протестот во Белград, атмосферата е напната Студентите на блокадата кои повикаа на протест најавија дека во 16 часот главниот митинг ќе биде пред Собранието на Србија, но и кај Славија, каде што ќе има бина, хор и говорници.
Препорачано
Реки од народ се движат кон центарот на Белград, воените ветерани направија ред пред Собранието на Србија, а низ центарот се распоредени силни полициски сили.
View this post on Instagram
Протесните колони демонстранти кои се одзваа на повикот на студентите во блокадата се движат низ Белград, од сите страни и од сите делови на градот, набљудувачите оценуваат дека ова е историски протест.
View this post on Instagram
Студентите во блокадата денеска порачаа дека најостро го осудуваат секој облик на насилство и дека целта на денешниот протест не е да се упадне во ниту една институција, ниту да се нападнат неистомислениците.
Студентите посочија дека нема да дозволат нивните протести да бидат обележани со инциденти, „туку исклучиво со нашата определба и заедничка визија за подобро општество“.
„Овој протест е израз на нашата борба за правда, солидарност и иднина што заедно ја градиме. Затоа е важно сите да ги почитуваме основните принципи кои не водат од самиот почеток. Најостро ја осудуваме секоја форма на насилство! Од првиот ден се бориме против репресијата и неправдата, кои очигледно се спроведуваа преку овој систем. Не сакаме ничии постапки да го загрозат она што го постигнавме досега. Три месеци ја градевме оваа борба со солидарност, љубов, дарежливост и труд. Да не го доведуваме во прашање со непромислени потези“, порачаа студентите во блокадата во објава на Твитер.
Тие истакнаа дека нивната сила е „во идеите, заедништвото и истрајноста“.
„Не сакаме да дозволиме ниту еден чин да го одвлече вниманието од суштината на нашата борба и да го доведе во прашање сето она за кое се залагаме. Ова движење не смее да се злоупотребува“, нагласија студентите.
Snimio sinov prijatelj??? pic.twitter.com/07ZoxEA6vL
— agw (@agw72718633) March 15, 2025
Тие додадоа дека мора да останат достоинствени „и да покажат дека сме одговорни, дека ја разбираме тежината на моментот и дека сме свесни за последиците од нашите постапки“.
„Исто така, ние сме апсолутно против секаков вид вандализам. Не сакаме по нас да ги ставаме работниците во тешка положба да чистат и поправаат. Нашата борба не е борба за уништување, туку борба за создавање. Нема да дозволиме нашите протести да бидат обележани со инциденти, туку исклучиво со нашата одлучност и заедничка визија за подобро општество. Затоа ве покануваме сите – да бидеме единствени, да бидеме одговорни“, порачаа студентите.
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) March 15, 2025
Тие ги повикаа сите да се водат од разумот, емпатијата и заедништвото.
„Се бориме за промени кои ќе донесат подобро утре, но можеме да ги постигнеме само ако се држиме до нашите принципи и ако покажеме сила на достоинство и солидарност. Да чекориме заедно, гласно и одлучно, но мирно и одговорно. Ова е нашата борба, ова е нашата иднина и заедно ја градиме“, порачаа студентите во блокадата.
За денеска во 16 часот е закажан голем протест на студенти, земјоделци, граѓани пред Народното собрание во Белград
Ulazak “Nišlijskog karavana” u Beograd. pic.twitter.com/LlNjFfdBff
— Južne vesti (@juznevesti) March 15, 2025


