ВИДЕО: Гилџес Александер „броеше“ до 46 и со кош со звукот на сирената ја спаси Оклахома
Eкипата на Оклахома успеа да стави крај на мини серијата лоши резултати и да го избегне третиот пораз во низа, откако ноќеска по драматично продолжение славеше над Јута со 129-125.
Препорачано
Апсолутен херој на натпреварот беше Шеј Гилџес-Александер. Канадската ѕвезда уфрли дури 46 поени и со кош во последната секунда од регуларниот дел го спаси актуелниот НБА шампион од пораз, носејќи му продолжение. Во дополнителните пет минути Тандер покажа повеќе смиреност и квалитет, па го скрши отпорот на Јута и стигна до важна победа.
Иако имаше слаб шут за три поени (1/8), Гилџес-Александер беше исклучително ефикасен од поле (13/18 за два) и речиси безгрешен од линијата за слободни фрлања (17/19). Значаен придонес дадоа и Чет Холмгрен со 23, како и Џејлен Вилијамс со 17 поени.
Кај Јута најрасположен беше Лаури Марканен со 29 поени, меѓу кои и кош за водство од 114-112 на само три секунди до крајот, но тоа не беше доволно за триумф.
Со оваа победа Оклахома останува на врвот во НБА-лигата со скор 31-7, додека Јута е на 13. позиција во Западната конференција со биланс 12-24.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Денвер 110-114
Шарлот – Торонто 96-97
Детрпот – Чикаго 108-93
Филаелфија – Вашингтон 131-110
Атланта – Њу Орлеанс 117-100
Бруклин – Орландо 103-104
Њујорк – ЛА Клиперс 123-111
Мемфис – Феникс 98-117
Оклахома – Јута 129-125
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 107-91
Голден Стејт – Милвоки 120-113
Портланд – Хјустон 103-102


