ВИДЕО | Гасперини со лекција за Алонсо: Аталанта со хет-трик на Лукман ја освои Лигата на Европа!

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Екипата на Аталанта вечерва го совлада Баер Леверкузен со 3:0 и ја освои Лигата на Европа. Вечер од соништата имаше Адемола Лукман кој трипати ја тресеше мрежата на германскиот тим.

Беше непобедлив Леверкузен се до вечерва во Даблин каде што Аталанта комплетно го надигра и заслужено го освои трофејот.

Аталанта по неполн половина час веќе имаше 2:0, Лукман погоди прво во 12. минута, па потоа и во 26. Се обидуваа избраниците на Алонсо да го возвратат ударот во вториот дел, меѓутоа не успеаа.

Хет-трикот Лукман го комплетираше на 15-тина минути до крајот кога на одличен начин ја погоди мрежата. За Баер кој претходно ја освои Бундеслигата ова беше прв пораз во сезоната и тој дојде токму во европското финале. Ќе потсетиме, Баер има шанса за трофеј и во Купот на Германија каде што треба да игра финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот