ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Гужви за пасоши, за МВР тоа е поради надградба на системот, за опозицијата – неспособност и нов кластер

На социјалните мрежи утринава се појавија фотографии од редици на луѓе и гужви пред зградата на МВР, кои чекаат да им бидат издадени пасоши, па од опозицијата веднаш обвинија дека се создава нов кластер во време на пандемија.

„Добро утро Оливер, со пасоши и лични карти како стоиме? Нели е пандемија и не смее да има групирање, ама ради вашата неспособност нов кластер МВР е на повидок!“, обвини Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејбук профил.

Скопје, 28 јуни 2021 – Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Сепак од МВР велат оти поради надградба на системот за издавање на пасоши, граѓаните кои имале термин во четврток и петок, добиле нов термин за да ги земат пасошите денеска и утре.

Скопје, 28 јуни 2021 – Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Скопје, 28 јуни 2021 – Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Се надградуваше системот и поради тоа ги преместивме термините за издавање во понеделник и вторник. Поради тоа можеби во даден момент поголема група на граѓани чекала на ред, меѓутоа немаме ников проблем со недостиг на пасошите. Придавката „Северна“ во пасошите ќе започне да се додава од 1 јули и тие пасоши се веќе подготвени – вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски за „Слободен печат“.

Од атмосферата на фотографиите може да се види дека некои револтирани граѓани се и во расправа со полициските службеници кои го регулираат редот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот