Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

ВИДЕО | Фудбалер од Премиер лигата се појави на тренинг со возило како од видео игра

Ентони Гордон, фудбалерот кој го носи дресот на тимот на Њукасл во Премиер лигата сега го привлече вниманието поради возилото со кое се појави на тренингот на својот тим.

Гордон на утринскиот тренинг во Њукасл се појави со „хамер ЕВ“ вреден околу 200.000 фунти. Ваквото возило веројатно им е подобро познато на љубителите на видео играта „ГТА“.

Во текот на летото Гордон се поврзуваше со трансфер во неколку клубови, Ливерпул изгледаше како најсериозна опција, но на крајот остана во редовите на „Сент Џејмс парк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот