ВИДЕО+ФОТО | Суперхерој во Ватикан: Спајдермен се ракуваше со папата Франциск и му подари маска

Instagram
Instagram

Суперхеројот Спајдермен вчера пред бројна публика се ракуваше со папата Франциск, што не помина незабележано меѓу присутните.

И покрај големата жештина, човек во тесно црвено – сино одело трпеливо го чекаше својот ред во ВИП – ложата во друштво на поскромно облечени свештеници, за да се ракува со Светиот Отец на кого притоа и му подарил маска од Спајдермен што тој „повеќе не ја носи“.


Неговото пристигнување во дворот на Апостолската палата речиси го привлече вниманието на присутните. Суперхеројот, кога децата со ентузијазам го поздравија, позираше и се фотографираше со најмладите, но и со возрасните.

Под костимот всушност се крие 28-годишниот Италијанец, Матијас Вилардита, чија животна приказна ја раскажа Осерваторе Романо, весник во Ватикан, претежно фокусиран на теолошки теми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinema 🎬 (@kinonuans)


Младиот човек, вработен во пристаништето Лигурија, на северозападот од Италија, во последните неколку години беше во посета на неколку болници облечен во негов костум како волонтер, со цел на болните деца им ги врати насмевката на лицата. За да биде што повеќе сличен на неговиот херој, тој секој ден спортува.

Матијас ја поминал целата своја младост во болници каде се лекувал од вродена болест. На почетокот на годината, италијанскиот претседател му врачи медал за неговата хуманост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот