ВИДЕО | Фон дер Лајен и Мецола пристигнаа во Израел

Мецола и Фон дер Лајен во Израел / Фото Твитер Роберта Мецола

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Израел.

Се очекува Мецола да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа.

„Тука сме со порака за солидарност по најтешкиот терористички напад што Израел го издржал со генерации“, напиша таа на социјалните мрежи.

„Теророт нема да надвладее. Важно е како ќе реагираме. Можеме – мораме – да го запреме Хамас. И да направиме се што можеме за да ги ублажиме хуманитарните последици“, додаде Мецола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот