ВИДЕО: Филмско сценарио на патарина, „Балистите“ ги провоцираа фудбалерите на Вардар!

Фото: Принтскрин/facebook.com/BallistetTetove1992official

Вардар во изминатиот викенд официјално се промовираше како второлигаш после поразот од Струга Трим Лум со 1:0.

„Црвено-црните“ покрај тоа што немаа најдобри резултати сезонава, се соочуваа(т) и со финансиски проблеми, во меѓувреме навивачката група „Комити“ помага колку што може да се издржи сезонава.

Шкендија како една од најлутите ривали на Вардар не пропушти да го „поздрави“ неуспехот на скопските „црвено-црни“.

На свој начин провоцирачки му „честитаа“ на Вардар за влезот во Втората лига, воедно фановите на Шкендија, „Балистите“ објавија видео на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб.

– Вечерва славиме да се поздравиме за последен пат со заколнатиот непријател и никогаш да не се видиме повторно – стои во фејсбук објавата на „Балисти“.

Воедно има информации дека автобусот, изнајмен од фирмата на возачот (кој на тој ден го прославувал 48 роденден) за потребите на ФК Вардар, на враќање од Струга бил стопиран на „рутинска контрола“ од полицијата во Тетово на првата патарина на патот кон Скопје.

Откако сето било проверено и констатирано дека е со целосна уредна документација, пред возачот се појавува човек во цивилка и го прашува дали ги вози фудбалерите на Вардар, возачот нормално потврдува „да“.

И како некое договорено сценарио, како некој да ги подготвувал навивачите на Шкендија да ги дочекаат играчите на Вардар со провокации, факели и транспаренти за испаѓањето на Вардар во 2МФЛ, а возачот оневозможен да си ја врши својата дејност.

– Откако ги идентификуваа патниците и се осигураа дека се фудбалерите и стручниот штаб на Вардар, им јавија на нивните колеги – „балисти“ да дојдат и заедно „да го процесуираат случајот“. Пристигнуваат „службени возила“ марка Голф 2, и го спроведуваат автобусот до надвозникот каде се наоѓаат уште 10тина нивни колеги во комбиниран состав МВР & балисти, за да извадат парола – известуваат „Комити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот