Фото: Социјални мрежи

ВИДЕО | „Фала премиере“: Мицкоски се сретна со бизнисмени во Кочани, го пречекаа транспаренти

Транспаренти со натпис „Коктел у очи задушница. Фала премиере” осамна на надвозниците на влезот во Кочани откако се дозна дека премиерот Христијан Мицкоски, со силно полициско обезбедување, е присутен на предизборен настан на ВМРО-ДПМНЕ и средба со бизнисмени во познат локал во градот.

Фото: Социјални мрежи

Според „Канал 77“, на настанот, на кој покрај Мицкоски присуствува и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, бурно реагирале родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“, бидејќи тие го откажаа утрешниот протестен „Марш за ангелите“ во знак на почит кон христијанскиот празник, првата митровденска Задушница по трагедијата во Кочани.

„Премиерот се одлучи на забава и тоа токму во Кочани”, велат родители за „Канал 77“.

Мицкоски, според видеата кои ги објави Радио Кочани, на настанот зборува за инфраструктурни проекти, развој на туризмот во Кочани и други економски теми.

Хипербаричната капсула за повредените од „Пулс“ фаќа прашина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот