Фото: Arsenal

ВИДЕО: Езе го одигра натпреварот на кариерата, Ришарлисон погоди од 40 метри, Арсенал го потопи Тотенхем

Eкипата на Арсенал предводена од Езе го прегази Тотенхем во градското дерби со 4-1. Езе попладнево го одигра можеби и најдобриот натпевар во кариерата постигнувајќи хет-трик во лондонското дерби.

Тотенхем едноставно денеска не беше на нивото на лидерот во Премииер лигата кој доминираше од почетокот до крајот на средбата.

Тросар го отвори резултатот во 36. минута, а само пет минути подоцна Езе го започна своето шоу и го постигна пвиот гол. Со предност од 2-0, Арсенал замиина на паузата.

Само што започна вториот дел, не помина ниту цела минута, Езе постигна и втор гол за водство од 3-1.

Тотенхем во 55. минута по една грешка на средината од теренот кај Арсенал успеа да потигне гол преку Ришарлисон. Бразилецот шутираше од 40-тина метри и го лобуваше Раја кој не беше на гол-линијата, тоа беше и единствената сериозна прилика.

Езе во 76. минута стави точка на натпреварот комплетирајќи го својот прв хет-трик во кариерата и тоа во неговото прво големо лондонско дерби како играч на Арсенал.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот