ФОТО: Слободен печат/Screenshot

ВИДЕО | Еврејската заедница го одбележа Ханука, празникот на чудото и светлината

Еврејската заедница синоќа го одбележа Ханука, празникот на чудото и светлината, на третиот од осумте дена, колку што се слави.

Молитвата се одржа во синагогата Бет Јаков, а на истата, освен членовите на заедницата, присуствуваа гости и од другите религиозни заедници, претставници на амбасадите во земјава, како и претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во дворот на заедницата, се обрати претседателот на еврејската заедницата, Пепо Леви, кој говореше за значењето на Ханука, а потоа заедно со гостите Пендаровски и Спасовски ги запалија свеќите на ханукијата, специјалниот осумкрак свеќник за Ханука.

-Ханука е голем празник за евројскиот народ, празник на светлината. Настан што се случил во 168 година пред новата ера. Се празнува како сеќавање на ослободителната борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. Легендата вели дека по уништувањето на ерусалимскиот храм, во него било пронајдено масло за менора, кое било доволно само за еден ден. Но, маслото во кандилото горело цели осум дена, што во јудаизмот се смета за чудо. По ова, Ханука се смета за празник на светлината и заедништвото на еврејскиот народ, истакна Леви.

Како и многу еврејски празници, така и Ханука има свои обичаи и традиции, објаснува Леви.

-Се палат осум свеќи на ханукија, празникот е осум дена и секој ден се пали по една свеќа“, истакна претседателот на еврејската заедницата.

Чествувањето на празникот почнува на 18 декември на зајдисонце и ќе трае до 26 декември, целиот прилог со Пепо Леви проследете го на следното видео:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот