ВИДЕО | Евертон рутински до нови бодови во Премиер лигата
Фудбалерите на Евертон денеска го совладаа составот на Барнли со 2:0 на домашен терен во 29 коло од Премиер лигата.
Препорачано
Со новата победа, Евертон стигна до 43 бода и осмо место на табелата, што ги задржа во борбата за место во Европа, иако е тешко да се очекува сите ривали кои се во подобра позиција да влезат во низа лоши резултати.
Барнли, од друга страна е поблиску до враќање во Чемпионшип и само чудо може да ги задржи во Премиер лигата до крајот на сезоната.
Домашниот тим уште од стартот на мечот постепено го зголемуваше притисокот, а наградата дојде во 32 минута. По слободниот удар изведен од Џејмс Гарнер, највисок во скокот беше Џејмс Тарковски, кој со прецизен удар со глава од пет метри го погоди долниот десен агол за водство од 1:0.
Вториот гол се случи во 60 минута, Кирнан Дјусбери-Хол реагираше одлично во шеснаесетникот и го совлада Мартин Дубравка со моќен удар во средината на голот за 2:0.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Арсенал, додека Барнли ќе го пречека Борнмут.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


