ВИДЕО | Ешли Греам се огласи за „најлошото интервју“ со арогантниот Хју Грант на Оскарите

Ешли Греам / Ана Елизабет Еберштајн и Хју Грант / Фото: EPA

Моделот Ешли Греам го прекина молкот во врска со нејзиното интервју со актерот Хју Грант за време на 95. издание на филмските награди Оскар, во кое тој ѝ даваше кратки и саркастични одговори на нејзините прашања.

Саркастичното однесување на Грант стана вирално на интернет просторот, а мислењата на социјалните медиуми за неговото однесување беа поделени. Додека некои го осудија арогантното однесување на актерот, други, пак, сметаат дека прашањата на Греам биле толку некреативни, што не ни заслужувала подобри одговори. Трети сметаат дека Грант е, едноставно, Британец и дека тоа однесување е сосема нормално за него.

Во изјава за „Ти-ем-зи“, Греам го кажа своето мислење за „најлошто интервју во историјата на Оскарите“, како што го нарекоа во медиумите.

„Знаете што? Мајка ми ме научи да им враќам на луѓето со љубезност“, изјави Греам.


Како потсетување, Греам се најде во улога на водителка на црвениот тепих на Оскарите и насмеано им поставуваше прашања на актерите кои беа присутни на доделувањето. Еден од нив беше и Хју Грант.

Таа прво го праша на што се радува најмногу во врска со годинашното издание на Оскарите, а тој ѝ одговори: „На ништо посебно“.

Интервјуто продолжи со познатото прашање, кое традиционално им се поставува на актерите на црвениот типих – „Што облековте вечерва?“. Во ист стил, Грант ѝ одговори: „Па својот костум“.

„Својот костум? Па, добро, не го скроивте вие. Кој е кројачот?“, му возврати моделот, држејќи се до планираното сценарио, но сега видно збунета.

„Не можам да се сетам на името на кројачот“, кратко ѝ одговори тој, оставајќи впечаток дека не ужива во разговорот.

„Какво беше искуството да се работи на ‘Glass Onion’? Колку беше забавно да се сними нешто такво?“, вака Греам го продолжи разговорот, обидувајќи се да ја поправи ситуацијата.

„Мене и речиси ме нема во него, само околу три секунди“, продолжи Грант со своето саркастично однесувње.

„Но, сигурно било забавно“, му рече моделот.

„Хм… повеќе или помалку“, ѝ одговори актерот, гледајќи на страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот