ВИДЕО: Енрике Иглесијас се враќа со нов летен хит

енрике иглесијас me pase

Енрике Иглесијас официјално се враќа на музичката сцена. 46-годишниот шпански пејач во четвртокот вечерта ја објави песната „Me Pasé“ во која се појавува Фаруко, како и придружно музичко видео. Тој исто така најавил турнеја низ Америка со пејачот Рики Мартин како и можна соработка, пренесува „ET“.

Во режија на Алехандро Перез, видеото било снимено на егзотичните плажи во Доминиканската Република. Видеото ги покажува двајцата уметници со група на луѓе како уживаат во летото на забава покрај плажа, пијат, танцуваат и живеат најдобро што можат.

„Me Pasé“ е првиот сингл на Иглесијас по „Después Que Te Perdí“, кој бил издаден во март 2019. Последниот студиски албум на пејачот „Sex and Love“ бил објавен во 2014 година.

Во септември, Иглесијас и Рики Мартин ќе ја започнат својата заедничка турнеја. Ова ќе биде прва турнеја на Енрике Иглесијас во САД од 2017 година.

„Се познаваме многу години и сакавме да го направиме ова подолго време и сега дојде совршениот момент”, изјавил Иглесијас за „ЕТ“ минатата година.„Во овој момент во нашата кариера, не мора да правиме ништо што не сакаме. Ама ова сакаме да го направиме“.

Што се однесува до можноста овој проект исто така да им даде соработка на обожавателите, Иглесијас вели, „Работиме на тоа“, а Рики Мартин одговара, „Тоа е идејата. Тајмингот е совршен за нешто посебно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот