ВИДЕО | Емра Куртишова од „Преспав“ сподели емотивно видео со сопругот и ќерката: Два дена се најважни во животот…
Актерката Емра Куртишова неодамна се омажи со својот колега од Театарот за деца и младинци, Петар Стојанов. Двојката се венчаше по три години врска, а пред еден месец тие се остварија во можеби најголемата улога во животот, како родители на нивната ќерка Лена.
Препорачано
Актерката одлучи на својот инстаграм-профил да објави кратко емотивно видео во кое сподели повеќе заеднички фотографии од неа, сопругот и ќерката, што досега не сме ги виделе, а ја одбележаа годината што изминува.
„Два дена се најважни во животот, денот кога си роден и денот кога ќе дознаеш зошто“ , напиша таа во објавата.
Нејзините следбеници имаа можност да видат повеќе интимни мигови од нивниот приватен живот, иако Емра е позната по тоа што ретко споделува детали од својот приватен живот.
На фотографиите во видеото се прикажани нивните заеднички излегувања, вереничкиот прстен, но и моменти од свадбата, од раѓањето на нивната ќерка Лена…
Искрено со Емра Куртишова: По свадбата почина татко ми, загубата ме исфрли од колосек
Искрено со Емра Куртишова: По свадбата почина татко ми, загубата ме исфрли од колосек


