ВИДЕО: Емотивна средба, мајката и 11 годишно момче се прегнаа за прв пат по седум години кои тој ги помина во озлогласениот камп во Сирија

Албанските власти успеаја да вратат четири албански деца од озлогласениот камп во Сирија, Ал-Хол. Едно од нив е и 11 годишното момче Ендри Думани, кое денес по шест години ужас ја прегрна својата мајка и блиските роднини.

„Срце на мајка“, се слуша како зборува неговата мајка. Детето потоа се поздравува со другите роднини.

Во меѓувреме, премиерот Еди Рама, со цел да ја „релаксира“ ситуацијата, не се двоумеше да каже шега што му ја кажал Ендри.

„Знаете ли што ми рече? Ми рече дека сум стар“ се насмеа премиерот.

Неговата постара сестра сепак остана во заробеништво. Премиерот Еди Рама вети дека ќе даде сè од себе да се врати и девојчето.

На прес-конференција, по слетувањето на авионот со кој се вратија децата, Рама рече дека властите затвориле фаза од операцијата и сега ја имаат потребната основа и идентитети за да продолжат со репатријацијата на другите.

„Да се извлечат овие деца од пеколот е комплициран процес. Во таа средина има и радикални родители. Стражарските сили на логорот не се сили со кои треба да се разговара да се помине оган. Сложено е.“ рече Рама.

Најмалку 70 000 луѓе живеат во бегалскиот камп Ал-Хол. Според податоците на УНИЦЕФ повеќе од 90 проценти се жени и деца. Повежето од нив се малолетници со помалку од 12 години.

Рама во Бејрут за реадмисијата на четири деца и жена од кампот Ал Хол во Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот