ВИДЕО: Елмас одигра 90 минути, Хојлунд го реши дербито во Серија А
Наполи излезе како победник од дербито на 14. коло во Серија А, совладувајќи го Јувентус со 2-1 на „Диего Армандо Марадона“. Мечот беше исполнет со голеѓљ борба и многу дуели, а во главна улога блескаше Расмус Хојлунд, кој со два гола го одведе актуелниот шампион до важни три бода.
Препорачано
Домашните рано го отворија резултатот – веќе во седмата минута. Давид Нерес од десната страна со фантастичен продор ја раскрши одбраната на Јувентус и му ја намести топката на Хојлунд, кој рутински го совлада Ди Грегорио за 1-0. Наполи продолжи да притиска, а до одмор се закануваа Ди Лоренцо и Мектоминеј.
Во вториот дел Јувентус ја презеде иницијативата, а офанзивниот пристап на Спалети вроди со плод. Во 59. минута Кенан Јилдиз ја искористи асистенцијата на Мекени и израмни на 1-1. Следуваше израмнето темпо, но Наполи беше тој што повторно го најде патот до мрежата.
Во 78. минута повторно сцената му припадна на Хојлунд, со својот втор погодок вечерта ѝ донесе нова предност на Наполи, која домаќините успешно ја задржаа до самиот крај.
Со триумфот Наполи се враќа на врвот на табелата со 31 бод, пред Интер за еден бод, а пред Милан за три, кој утре го игра својот натпревар против Торино.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на теренот од првата минута и ги одигра комплетните 90.


