ВИДЕО: Екстремно ниски температури во Русија, измерени и до -60°C

Деновиве европскиот дел на Русија е под обилни снежни врнежи. Минатата недела во земјата беа забележани температури од -50 до -20°C во азискиот дел на земјата и до -60°C на североистокот, во регионот Јакутија.

Силен циклон, чиј центар се движи од западна кон централна Европа, носи невреме кон источна Европа јужно од Црното Море, но и многу влажна воздушна маса, која создава обилни врнежи од снег.

Во следните два дена европскиот дел на Русија го очекуваат многу обилни снежни врнежи, заедно со силен ветер.

Снежното невреме ќе ја зафати и Москва. Обилниот снег ќе биде пропратен со налети и бурен ветер, со брзина од 50 км/ч. Се очекува висината на снежната покривка да достигне 40 сантиметри, дури и локално половина метар, а се очекува да наврнат дополнителни 20 до 40 сантиметри снег низ европскиот дел на Русија.

Снежното невреме ќе биде придружено со многу ниски температури, со вредности од -20 до -10°C.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот