Фото: F.C. København

ВИДЕО | Ефикасно тргнаа натпреварите во ЛШ: Копехаген го шокираше Виљареал, Ајакс се мачеше во Азербејџан

Возбудливо стартуваше денешната програма во Лигата на шампионите и на дуелите во Азербејџан и Шпанија паднаа дури десет гола.

Ајакс, иако влезе како изразит фаворит, мораше сериозно да се помачи за да го совлада Карабах, кој двапати имаше водство. Дуран уште во 10. минута ги израдува домашните, а холандскиот гигант успеа да израмни дури пред пауза преку Долберг.

Само што почна второто полувреме, Матеус Силва повторно ги донесе Азербејџанците во водство, кое траеше речиси до самиот финиш. Но, Ајакс тогаш направи целосен пресврт, Глук погоди во 79. минута, а четири минути подоцна Гааеј се погрижи за целосен пресврт. Конечните 4-2 беа поставени во самиот финиш.

 

И вториот денешен натпревар заврши со победа на гостите, исто така 3-2. Елјоуси уште во втората минута донесе предност за Копенхаген против Виљареал, што беше единствениот гол во првиот дел.

Во второто полувреме видовме трри гола во краток период од девет минути. Комесања израмни во 47., Ачури веднаш возврати за ново водство на Копенхаген, а Олувасеј во 56. минута израмни на 2-2. Сепак, искусниот Корнелиус во самиот финиш се погрижи за три бода за Копенхаген со конечни 3-2.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот