ВИДЕО | Едвај се движела: Ким Кардашијан во претесен фустан на модната недела во Милано

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Принтскрин/ТикТок

Видеото на Ким Кардашијан снимено на модната недела во Милано во саботата стана вирален хит на „ТикТок“.

Ријалити ѕвездата на настанот пристигнала во тесен, сребрен фустан на „Долче&Габана“. Со тоа искомбинирала сребрени потпетици. Но, модната комбинација на Кардашијан ѝ го отежнало движењето по скалите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

На видеото кое досега го погледнале повеќе од шест милиони луѓе, може да се види Ким како буквално скока по скалите, а потоа едвај влегува во автомобилот. А за да седне на седиштето, Ким морала да се намести во лежечка положба.

@steph_shepI’ll let you caption this ⬇️♬ Funny Song – Cavendish Music

Видеото предизвика реакции на „ТикТок“.

„Дали воопшто можела да оди во тоалет?“, „Ау, Ким, што нема да направиш за убавина“, „Ова е многу слатко. Мислам дека некој требало да ја носи“, „Ти навистина си икона“ , „Нејзиниот тим да даде отказ затоа што не ја носеле по скалите“, „Можеби требало малку да го кренеш фустанот за полесно да одиш по скалите“, се дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот