ВИДЕО | Единствената сочувана снимка на Ана Франк, девојчето чиј дневник е симбол на страдањата на Евреите

Ана Франк
Фото: Profimedia

Анелис Мари Франк, попозната како Ана Франк, добила книшка за автограми како подарок за нејзиниот 13. роденден, кој го прославила на 12 јуни 1942 година. Девојчето одлучило да ја користи книшката како дневник, без да знае дека нејзините мисли ќе станат најпрецизниот опис на германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна, пишува „Стил“.

Таа пишувала за промените што се случиле откако Германија ја окупирала Холандија, но и за тагата за нејзината баба која починала таа година. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, во јули 1942 година нејзиното семејство се сокрило во собите од работната зграда на таткото на Ана – Ото Франк.

Портрет на Ана Франк од 1940 година / Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Ана Франк сакала да стане актерка, но поради неможноста да гледа филмови додека се криела во канцеларијата на нејзиниот татко, таа решила своите амбиции да ги префрли кон новинарството.

„Дали некогаш ќе можам да напишам нешто големо? Дали некогаш ќе станам новинар или писател?“, се запрашала таа на 5 април 1944 година.

Ана Франк во 1941 година / Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Дневникот го пишувала до 1 август 1944 година. На 4 август тајното скривалиште на семејството Франк било претресено од Зелената полиција, по анонимна дојава. Сите биле однесени во концентрационите логори.

Седум месеци по нејзиното апсење, Ана Франк починала од тифус во концентрациониот логор Берген – Белзен, во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нивната мајка Едит Франк починала еден месец пред нив, од истоштеност и глад.

Ана Франк / Фото: IFA Film / United Archives / Profimedia

Нивниот татко Ото Франк останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.

Ова видео е единствената постоечка снимка на Ана Франк , а е снимена додека таа ја гледала свадбата на нејзините соседи низ прозорецот на 22 јули 1941 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот