ВИДЕО: Е. Пелистер го претрпе третиот пораз во Лига Европа

еурофарм пелистер
Голманите на Е. Пелистер примија 248 голови во групната фаза на ЛЕ/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска во рамките од деветтото коло во групата „Д“ на Лига Европа составот на Е. Пелистер загуби на гостувањето кај Татабања со 25:21.

Двапати минимално водеа битолчани пред крајот на првото полувреме со 9:8 и 10:9, на пауза се замина со нерешени 11:11.

На стартот од вториот дел македонскиот вицешампион стекна и позитива од „плус два“ (13:11), но не успеа да ја одржи во продолжението од средбата во Унгарија.

При 18:18, домаќинот направи серија од три голови кој влијаеше на конечниот епилог. Стигна Е. Пелистер до „минус еден“ (21:20) и тоа беше сè што можеше да направи резултатски нашиот претставник на овој дуел.

Во победничките редови доминираше Сунајко со осум погодоци, а на спротивната страна Мандалиниќ реализираше 10 голови.

Тоа беше трет пораз за играчите на тренерот Жељко Бабиќ, во последното 10. коло на домашен терен ќе го пречекаат грчкиот АЕК кој славеше пред своите навивачи против Спортинг (25:24).

Од оваа рунда треба да се одигра уште дуелот Ним – Кадетен (20.45 часот). На табелата води Ним со 11 бодови, пред Е. Пелистер (10), девет има Спортинг, по осум АЕК и Кадетен, а последнопласирана е Татабања со шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот