ВИДЕО | Џоан Колинс откри дека ja изгладнувале за време на снимањето на култната серија „Династија“: Бевме како инсекти
Актерката Џоан Колинс неодамна откри како таа и другите актери биле изгладнувани на снимањето на култната серија „Династија“.
Препорачано
Легендарната актерка неодамна проговори за својата долга кариера и улогата која ја прослави. Таа ја играше Алексис Карингтон Колби во американската серија, која започна да се емитува во 1981 година.
– Не ни беше дозволено да јадеме ништо помеѓу оброците. Тие ги имаа сите оние пецива и почести што ги јаде екипата на серијата, но на нас актерите ни рекоа: „Не, не, не, само стапчиња од морков“. Изгледавме како инсекти – рече 90-годишната актерка.
За време на панелот на кој присуствуваше, Колинс носеше јакна од шоуто, велејќи дека тоа е единственото нешто што го чува од снимањето. Претходно таа откри дека еден од нејзините најголеми обожаватели бил Доналд Трамп, кој ја инспирирал за време на снимањето на серијата. Но, тогаш тој не беше политичар туку бизнисмен.
Иако има 90 години, Колинс претходно изјави дека е многу витална и ентузијастична. Претходно беше мета на критики поради бракот со 32 години помладиот Перси Гибсон, кој воедно ѝ е петти сопруг. Сепак, таа истакна дека тоа не им е проблем и дека секој може да ја најде љубовта во која било фаза од животот.


