ВИДЕО: Џенова и Пандев до важен бод, Јуве рутински против Каљари

Јувентус ја оправда фаворитската улога против Каљари/Торино, Италија/21 декември 2021/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Џенова во рамките од 19 коло во најсилното италијанско првенство пред своите навивачи ремизираше без голови (0:0) со Аталанта.

Македонскиот напаѓач Горан Пандев за домашната екипа на стадионот „Луиџи Ферарис“ настапи од 72 минута како замена за Дестро.

Јувентус ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Торино славејќи против Каљари (2:0). Стрелци на головите за „Старата дама“ беа Кин во 40 и Бернардески во 83 минута.

Џенова која и сезонава се бори за опстанок во Серија А се наоѓа во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 11 бодови, додека Аталанта направи чекор назад со денешното реми во борбата за Скудетото и остана на четвртото место со 38 бодови.

Јуве со денешниот 10 триумф е на петтата позиција со 34 бодови, додека Каљари е на 19 место со 10 бодови.

Салернитана не се појави за мечот против Удинезе и Несторовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот