Салернитана не се појави за мечот против Удинезе и Несторовски

Салернитана наскоро би можеле да биде исклучена од италијанската Серија А/Фото: EPA-EFE/MARIO TADDEO

Денеска од 18.30 часот во рамките од 19. коло во италијанската Серија А требаше да започне натпреварот помеѓу Удинезе и Салернитана.

Домаќините во текот на денот го најавија новиот лигашки меч во првенството и дека во својот состав на клупата за резерви повторно го имаат македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Првите луѓе на италијанскиот фудбал потврдија дека овој меч не стартуваше од предвидениот термин, односно екипата на Салернитана не се појави на теренот во Удине за одигрување на натпреварот. Главниот судија на „Дачија Арената“ чекаше 45 минути според правилникот, но гостинските фудбалери ги немаше на стадионот.

Уште во изминатиот период излегоа информации дека на Салернитана ѝ се заканува исфрлување од лигата.

Клубот е во косопственост на сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, а според правилата на италијанската федерација, не е дозволено два клуба во еден натпреварувачки ранг да имаат ист сопственик.

Од федерацијата, поточно нејзиниот претседател Габриеле Гравина потврди дека Салернитана ќе биде исклучена од Серија А доколку до 31 декември не го промени сопственикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот