апсење србија фото: принтскрин/јутјуб

ВИДЕО | Двајца воени ветерани се уапсени во Србија, осомничени се дека планирале напад врз Вучиќ и неговото семејство

Полицијата во Краљево, во соработка со припадници на Безбедносната и информативна агенција, ги уапси Д.Р. (51) и М.Р. (43), двајцата од Краљево, поради постоење основи на сомнение дека, во соизвршителство, сториле кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со кривичното дело напад врз уставниот поредок, објави Н1.рс.

„Нова“ дознава дека станува збор за двајца ветерани од 63-та падобранска бригада, кои ги придружувале студентите за време на сите протести и блокади во изминатата година.

„Тие се осомничени за организирање насилна промена на уставниот поредок на Србија и соборување на највисоките државни власти во периодот од декември 2025 до февруари 2026 година, со организирање на набавка на оружје и напад врз животот и телото на претседателот на Република Србија, неговата сопруга и децата, на таков начин што ќе ги лишат од живот, како и напад врз припадниците на МВР на Република Србија, на таков начин што ќе им нанесат телесни повреди на припадниците на МВР“, соопшти српското МВР.

Осомничените ќе бидат задржани во притвор до 48 часа и ќе бидат приведени во Вишото јавно обвинителство во Краљево со кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот