ВИДЕО: „Два во еден“ на Местаља, Виљареал го совлада Еспањол

фото: EPA-EFE/KAI FORSTERLING

Во рамките од 31 коло во најсилното шпанско првенство составот на Виљареал со 4:2 триумфираше над Еспањол. Гостите на Стадионот де ла Керамика водеа после првото полувреме со голот на Пуадо во 45 минута.

Домашните играчи направија целосен пресврт во вториот дел, израмни Капуе (53`), а во 63 минута за 2:1 водство на Виљареал се погрижи Парехо кој во 63 минута најпрвин не реализираше пенал, но веднаш ја поправи грешката. Нов егал на мечот донесе Жозелу (73`), а бодовите за Виљареал ги донесе Џексон во 80 и Капуе со својот втор погодок (90+2`).

Виљареал и натаму ги одржува шансите за влез во групите на ЛШ, се наоѓа на петтото место со 50 бодови, пет помалку од четвртопласираниот Реал Сосиедад, а Еспањол е на претпоследното 19 место со 28 бодови.

„Два во еден“ се случи и на дуелот на стадионот „Местаља“ во кој Валенсија со 2:1 го совлада Ваљадолид. Гостинската екипа беше во позитива уште од шестата минута со погодокот на Ларин. На 1:1 израмни Диакаби по половина час игра, а конечниот епилог го постави Гуера по асистенцијата на Мориба (90+3`).

Во генералниот пласман во „Ла Лига“ Валенсија е на 16 место со 33 бодови, два помалку од Ваљадолид на 14 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот