Фото: „Еуромајдан“ / Принтскрин

ВИДЕО: Два руски лансери С-400 „Триумф“ не успеаја да триумфираат – украински дронови ги уништија

Украински дронови уништија два руски ракетни лансери С-400 „Триумф“ заедно со нивната муниција во руската Белгородска област, а нападот се случи на 14 декември и беше целосно снимен, објави „Еуромајдан“.

Украинската страна објави видео од операцијата. Лансерите беа уништени додека биле во движење, а снимките прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, наводно за време на промена на борбена позиција.

Ваквите напади со дронови се дел од пошироката стратегија на Украина за слабеење на руската противвоздушна одбрана, како на територијата на Русија, така и на окупираните подрачја.

„Системот С-400 ‘Триумф’ е модернизиран наследник на советско-рускиот С-300 и претставува клучен елемент на слоевитата руска воздушна одбрана. Русија повремено го користи и во секундарна улога за напади по копнени цели, вклучително и украински градови, поради што неговото уништување се смета за значителна загуба за руските сили,“ соопшти украинскиот Генералштаб.

Руски дрон погодил кола во Одеската Област – загинала жена, нејзините три деца се во болница

Руските противракетни системи С-400 честопати се фалени бидејќи наводно се „неуништливи“.

Сепак, нов извештај на лондонскиот тинк-тенк РУСИ открива дека С-400 „Триумф“, иако претставуван како врв на руската воена технологија, има сериозни структурни слабости. Според анализата, производството и одржувањето на системот зависат од странски микроелектронски компоненти, суровини од Централна Азија и од тесни производствени јазли што се ранливи, под санкции и на украински удари.

Истражувањето укажува дека Русија продолжува да ги заобиколува санкциите преку посредници, најчесто преку Кина, поради недоволна и некоординирана примена на постојните мерки.

Авторите на извештајот нагласуваат дека вистински ефект може да се постигне само со координирано дејствување – комбинирање воени удари со економски и со дипломатски мерки што ќе го спречат обновувањето на производството.

Доколку Русија не успее да го зголеми темпото на производство на ракети за противвоздушна одбрана, може да се соочи со недостиг што би ја ослабнал нејзината воздушна одбрана, со последици не само за војната во Украина, туку и за нејзината одбранбена индустрија и за странските клиенти на системот С-400.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот