ВИДЕО | Два автомобили пеплосани во скопски Карпош
Два автомобили целосно изгореле рано утрово позади гимназијата „Орце Николов“ во скопски Карпош.
Препорачано
Како што јавува „Скопје 1“, станарите од соседните згради слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис, а со брза интервенција на пожарникарите било спречено ширењe на огнот.
View this post on Instagram
Според информациите од МВР, запалени биле возила со гевгелиски регистерски таблици, повредени нема, а оштетен бил семафорот на улица „Орце Николов“.
-На 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Орце Николов“ и ул. „Никола Тесла“ во Скопје биле опожарени две возила: патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(58) и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(25). Повредени лица нема, а од пожарот бил оштетен семафор на ул.„Орце Николов“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Жителите од околината изразуваат сомнеж дека пожарот можеби е подметнат, но засега нема официјална потврда за причините.
Надлежните служби извршиле увид, а полицијата треба да утврди како дошло до избувнување на пожарот.


