Моментот кога овожавателката пропаднала во дупката среде сцената/Фото: Принтскрин/Тикток

ВИДЕО | Драма на концертот на поранешниот свршеник на Меган Фокс: Обожавателка пропадна во дупка на сцената!

Концертот на американскиот рапер Машин Ган Кели (36) во лондонската „О2 Арена“ го обележи неочекуван и непријатен момент кога обожавателка падна низ дупка на сцената во текот на настапот.

Музичарот, чие вистинско име е Колсон Бејкер, ја изведувал песната „Bloody Valentine“ кога се случил инцидентот. Во тој момент, на сцената му се придружила група обожаватели кои заедно со него шетале по сцената и ја охрабрувале публиката да навива.

Една девојка од групата обожаватели не го забележала отворот на сцената и одеднаш пропаднала низ малиот отвор. Во обид да се задржи, таа со рацете удрила од работ на дупката додека присутните во шок гледале што се случува.

Машин Ган Кели веднаш реагирал, свртувајќи се и извикувајќи: „О, Боже!“, по што тој и другите брзо истрчале кон девојката за да ѝ помогнат. Раперот ја испружил раката и ѝ помогнал да излезе од отворот, а потоа загрижено прашал: „Дали си добро?“

@louisegregorynails MGK London o2 Bloody Valentine. One of the girls falls off the stage – I hope she’s okay!!! She got given his hat after😂 🥹 #mgk #mgklondon @mgk ♬ original sound – louisegregorynails

Кога обожавателката му потврдила дека не е повредена, музичарот го продолжи концертот со енергичен извик што повторно ја кренал атмосферата кај публиката.

Инцидентот од концертот во Лондон брзо стана вирален на социјалните мрежи, но за среќа заврши без сериозни последици – благодарение на брзата реакција на самиот музичар.

Машин Ган Кели во моментот е на својата турнеја „Изгубена Американа“, која започна кон крајот на минатата година. Турнејата следи по објавувањето на неговиот седми студиски албум „Lost Americana“, објавен во август 2025 година.

Во едно неодамнешно интервју, музичарот истакна дека токму искреноста и ранливоста во неговата музика го поврзуваат со неговите обожаватели.

– Ранливоста е причината зошто успеав да задржам база на обожаватели сите овие години. Лицето зад музиката мора да ја покаже и својата човечка страна – рекол тој.

По концертите во Велика Британија, раперот ќе ја продолжи својата турнеја во Австралија и Нов Зеланд, а потоа ќе се врати во Северна Америка, каде што ќе настапува во градови како Хјустон, Атланта и Торонто. Неговата 16-годишна ќерка Кејси, која ја има од врската со Ема Канон, патува со него, а новинарите ја помешаа со неговата поранешна девојка, односно свршеница Меган Фокс, со која доби ќерка.

По повеќегодишната бурна љубовна врска Фокс и Бејкер раскинаа кон крајот на 2024 година додека таа беше бремена со нивната ќерка.

ФОТО | Поранешната двојка повторно се зближува? Меган Фокс на одмор со Машин Ган Кели и нивната ќеркичка

ФОТО+ВИДЕО | По откажувањето на венчавката Сидни Свини оди на луди забави со Парис Хилтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот