ВИДЕО: Дончиќ и Ирвинг го предводеа Далас во победата над Минесота

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа најзаслужните за триумфот на Далас во НБА лигата против моментно водечката екипа во Западната конференција, Минесота, со резултат 115:108 на домашен терен.

Далас имаше предност од 60:56 на полувремето, додека во вториот дел од играта, Ирвинг имаше значаен придонес во победата на својата екипа. Ирвинг погоди многу важна тројка на помалку од три минути до крајот на мечот, а потоа во следниот напад ја украде топката од Гобер и постигна уште една тројка со која на крајот и го реши победникот.

Дончиќ го заврши мечот со 34 поени, додека Ирвинг имаше 35. Кај Маверикси двоцифрен учинок имаа и Џоунс Џуниор и Тим Хардавеј со по 12 поени, додека во составот не беше Данте Егзум.

На спротивната страна за Тимбервулвс Ентони Едвардс беше најдобар со „дабл-дабл“ од 36 поени и 10 скокови, Ентони Таунс реализираше 24 поени, додека Наз Рид запиша 15 поени и девет скокови.

НБА лига, резултати

Орландо – Атланта 117:110, 105:105 (по 1. продолжение)
Сакраменто – Њу Орлеанс 100:133
Далас – Минесота 115:108
Денвер – Детроит 131:114
Феникс – Мемфис 115:121
Голден Стејт – Торонто 118:133
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 106:103

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот