ВИДЕО: Десничари од Златна Зора упаднаа на изложба на уметникот Сергеј Андреевски во Грција и ги симнаа неговите дела

Сергеј Андреевски на изложбата во Грција/Фото: Скриношот/ЕРТ

Членови на грчката ултрадесничарска партија Златна зора упаднаа во уметничката галерија Ремецо, во Каламарија, Солун, каде македонскиот уметник Сергеј Андреевски во средата вечер одржуваше изложба под покровителство на локалната самоуправа, јавува грчката телевизија ЕРТ.

На снимката од настанот се гледа како околу 15 луѓе на Златна зора, облечени во црно и со качулки на главите влегуваат во просторот и вербално го малтретираат уметникот Сергеј Андреевски, јави ЕРТ.

Натрапниците на Златна зора ги „симнале“ делата на познатиот македонски уметник и му рекле дека нема право да ги презентира тука своите дела.

„Имаш право да кажеш дека си Словен и ништо друго“, извикуваа тие. Потоа, откако направија неверојатен метеж, ги симнаа делата на уметникот и го „запечатиле“ просторот со црвена лента и го залепиле налепници со симболот на организацијата, тврдејќи дека конкретниот уметник не треба да биде во овој изложбен простор – јавува ЕРТ.

Упад на членови на Златна зора на изложба на Сергеј Андреевски/Фото: Скриншот/ЕРТ

Полицијата не била веднаш повикана за инцидентот, но според МЕГА ќе известена денеска, четврток и засега нема уапсени, јавија грчките медиуми.

Видеото од упадот напаѓачите го објавиле на интернет.

Самостојната изложба на сликарот Сергеј Андреевски со наслов „Неизложени дела на хартија“ во општината Каламарија во Солун, беше свечено отворена на 21 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот