ВИДЕО | „Дениција“ е светско, а наше, но постои и тоа: Тешка модна катастрофа, еве зошто, објаснува Сергеј

Тешка модна катастрофа, сумираше Сергеј/Фото: Скриншот

Една од убедливо најбараните теми од кога е почнат новиот сериал беа nude кармините или „месо“ боја како што некои ги нарекуваат, секако сосема погрешно. Сергеј конечно ги најде најдобрите 5 на пазарот и направи споредба за да може да најде победник.

Рубриката „Мода“ беше посветена на миланската модна недела и на парчињата кои на Сергеј му се бендисаа најмногу. Светската мода беше надополнета и со македонската кампања на Мите Занов за колекцијата на Swatch дизајнирана од извонредниот Зоран Кардула – Дениција.

„Светско, а наше“, сумираше воодушевено Сергеј.

Сергеј ја пофали колекцијата на Мите Занов/Фото: Скриншот

Во модни катастрофи, Никола мораше да интервенира повторно со Анима Мунди бидејќи од бунди оваа недела имаше една која личеше на лав. Статусот од пријавата е се’ уште непотврден.

Кека секоја недела се помодерна и помодерна. Овој пат – street style или секојдневен лежерен изглед. Одлични комбинации за сечиј вкус.

Стрит мода од плакарот на Кека/Фото: Скриншот

Во „Прашај го Сергеј“, се повеќе прашања пристигнуваат за Никола – кој е , кога ќе го видиме и слично но Сергеј пресече – НИКОГАШ! 

Погледнете ја целата епизода на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот