ВИДЕО | Данијела Димитровска се расплака зборувајќи за менталното здравје: „Кога најмногу ми требаше разбирање, бев најстрога кон себе“
Српската манекенка и телевизиска водителка Данијела Димитровска објави емотивно видео на својот инстаграм-профил, во кое зборува за својата борба со несигурностите и за менталното здравје.
Препорачано
„Не знаев како да го започнам ова видео, па едноставно седнав и почнав да зборувам. Без план, без обид да бидам ‘силна’ ако во тој момент не се чувствував така. Излегоа и смеа и солзи. И реченици што никогаш досега не сум ги изговорила наглас, а со години ги вртам во глава“, вели Димитровска во описот на видеото.
Иако многумина ја доживуваат како самоуверена личност, таа признава дека носи со себе несигурности и учи да ги прифаќа без чувство на вина.
„Долго време работам на себе, со себе и со некој што професионално ме води низ тој процес. Ова е мој начин да кажам: се прифаќам себеси,“ додава таа.
Манекенката открива дека секој пораз го доживувала како личен неуспех, а секоја грешка како доказ дека не е доволно добра.
„Предолго го носев со себе прашањето: Дали сум добра мајка? Добра ќерка? Добар партнер, пријател? Во моментите кога најмногу ми требаше разбирање, бев најстрога кон себе“, споделува таа.
„Учам да бидам доволна за себе. Ако некогаш и вие се прашувате дали сте доволно добри, само со тоа покажувате дека ви е грижа. А тоа е сила, не слабост. Ви благодарам што сте тука, што гледате, што ми давате простор да бидам и силна и ранлива. Сакам ова видео да биде поттик за сите нас што уште учиме да се сакаме без ‘но’“, порача таа.
Да потсетиме, Данијела Димитровска ја започна својата кариера како модел во 2004 година, кога победи на изборот за „Елит модел лук“ во Србија. Оттогаш соработуваше со светски модни брендови како „Вера Ванг“, „Миу Миу“, „Луј Витон“, „Ив Сен Лоран“ и „Емпорио Армани“, а во 2009 година беше избрана за еден од промотивните модели на „Викторија сикрет“. Во 2011 година ја основа модната агенција „Моделс Инк“ заедно со Марија Вујовиќ и Мирјана Удовичиќ.
На приватно поле, Димитровска беше во брак со српскиот музичар и водител Огњен Амиџиќ, со кого има син Матија.
Последниве години беше телевизиска водителка на телевизија Блиц, а почетокот на 2025 година го напушти медиумот за да се врати на модната сцена.
ФОТО | Гламур во Дубаи: Данијела Димитровска блесна во фустан кој ги остави сите без здив


