ВИДЕО | Д-р Зеќири: Да не се брза со вакцинирање на децата

д-р Бесник Зеќири директор на Детската клиника за белодробни заболувања Козле
д-р Бесник Зеќири директор на Детската клиника за белодробни заболувања Козле / Утрински брифинг

Корона вирусот целосно го промени начинот на живеење на луѓето во целиот свет.

Во земјава од почетокот на пандемијата регистрирани се над 213.000 лица кои го прележале ова вирусно заболување но се претпоставува дека овој број можеби е и многу поголем бидејќи кај голем дел од популацијата, особено кај помладите и здрави лица се претпоставува дека поминал без симптоми.

Со бројот на вакцинирани и интересот за имунизација не можеме многу да се пофалиме, и можеме да констатираме дека се уште сме далеку од колективен имунитет.

Вирусот се шири многу брзо, а неговото постојано мутирање ја отежнува борбата но и се зголемува неговата способноста за полесен пренос.

Ковид-19 не познава возрасна граница.

Секако дека покрај возрасните лица од него се засегнати и децата од најмлада возраст. Колкав е ризикот од ова вирусно заболување кај најмладата популација и како да ги заштитиме во Утрински брифинг разговаравме со д-р Бесник Зеќири директор на Детската клиника за белодробни заболувања Козле.

-Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекувааат амбулантски. Најмаладите се две близначиња од по месец дена. Поголемите се 16-17 години, вели д-р Зеќири.

-Во принцип се школските деца. Моментално имаме доволно легла. Во моментов имаме околу 40 легла со можност да се направат и 60 легла. Протоколот за кај децата не е ист како за возрасните. Младите доаѓаат навреме лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје. вели д-р Зеќири за Утрински брифинг.

Докторот зборуваше за препораки и за пост ковид симптоми кај најмладата популација.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот