ВИДЕО | Д-р Пановски: Луѓето заборавија да носат маски, сѐ тоа ќе влијае да има нови случаи на ковид-19

никола пановски
Фото: Архива на „Слободен печат“

Во вториот и во третиот бран на коронавирусот, кафаните и кафулињата беа место каде што народот „природно се имунизираше“. Меѓутоа, многу од тие „природно имунизирани“ денес веќе не се меѓу нас или имаат тешки последици, вели микробиологот д-р Никола Пановски во утринската емисија на ТВ Телма.

– Мерките треба да се спроведат за да се спречи ширење на вирусот, а не сега слушам „ќе почекаме, кога ќе се зголеми бројот на случаи, тогаш ќе направиме мерки“. Тие мерки ќе бидат задоцнети, објаснува тој.

Според д-р Пановски, треба да се вратиме на повторна кампања за вакцинација и за заштита од коронавирусот.

– Луѓето заборавија да носат маски и сѐ ова со посетата на рестораните, со свадбите во затворен простор итн. ќе влијае да имаме нов, четврти бран. Очекувам да имаме покачување до 1000 случаи на ден, не повеќе. Со други зборови, ќе биде една двогрба камила – првиот врв беше на почетокот од септември, а вториот ќе биде на почетокот на ноември, а состојбата ќе се смири до Нова година, заклучува д-р Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот