ВИДЕО | Д-р Митов: Изложувањето на честичките од азбест е еднакво на рак на бели дробови

д-р Александар Митов / Утрински брифинг
д-р Александар Митов / Утрински брифинг

Ние толку многу општествено отрпнавме, што прифаќаме секакви ситуации, но треба сепак да обрнеме повеќе внимание. Азбестот кој што гореше во пожарот кај Треска и изложувањето кон честитки на Азбест води кон една агресивна форма на рак на белите дробови, вели за Утрински брифинг д-р Александар Митов.

-Во Америка расчистувањето на ваквите кровови го вршат посебни единици со скафандери, кај нас за жал имавме камери, пренос во живо, граѓани кои набљудуваа на местото, добро ќе беше да носат барем заштитна маска, вели тој.

Според Митов ние не учиме од грешките но поголем проблем е што ние не учиме ниту и од катастрофите.

Што треба да се направи, веднаш на координативен состанок да се соберат Министерството за животна средина, Министерството за здравство, Инспекторат за Животна средина и да се види што ќе се преземе, бидејќи пожарот беше во центарот на Скопје.

-Иако се направени проверки сепак не знам колку тие се релевантни бидејќи честичките од азбест се разлетуваат при секое дување на ветер. Доколку денес дувне ветер нив денеска ќе ги имате во воздухот, вели за Утрински брифинг доктор Александар Митов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот