ВИДЕО | Д-р Докиќ: Да бидеме претпазливи и да се подготвуваме за уште поголем број на пациенти

Д-р Дејан Докиќ, директор на Пулмологија/ Фото: Слободен печат

Тешко е да се прогнозира, бидејќи сите бранови ако ги анализирате имаа еден првичен нагол скок, па лесно паѓањње, па повторно уште еден пик, како двогрба камила, но тешко е да предвидиме каде се наоѓаме во овој момент. Сите математички прогнози не секогаш излегуваат во реалноста. Треба да бидеме претпазливи и да се спремиме за уште поголем број на пациенти, изјави за Утрински брифинг Д-р Дејан Докиќ.

-Претпазливоста е најдобра и треба да се спремиме за уште полоши сценарија, за да не бидеме изненадени, додава Докиќ.

Во однос на состојбата со ковид центрите, при зголемен наплив на пациенти, д-р Докиќ кој е координатор на работата на ковид центрите и воедно директор на Универзитетската клиника за пулмологија рече:

-Ние уште минатата година на почетокот на оваа пандемија имавме некои градежни работи со цел да го оспособиме овој дел да биде изолиран од останатите пациенти кои немаат ковид -19, значи тоа е црвена зона, кадешто влезот е бочно од Нервна клиника. Тука е влезот за сите ковид клиники при интернистичкиот блок. Значи имаме еден влез, така е конципирано, на самиот влез да бидат прегледани пациентите, имаме компјутеризирана томографија доколку треба, се земаат лабораториски тестови и се распределуваат онаму кадешто според нивната клиничка состојба можат да бидат сместени. Дали на концентратот доколку немаат голем пад на сатурација или на централен довод на кислород, значи бараме места во клиниката каде има соодветно место за нив. Понатаму, доколку има потреба, таму кадешто ќе падне сатурацијата на кислород многу и доколку други параметри укажуваат, ние ги ставаме на неинвазивна вентилација, имаме најсовремени апарати кои ќе помогнат кај тие пациенти за евентуално да се извлечат од таа хипоскемија која навистина им го нарушува здравјето и им го отежнува дишењето, вели д-р Дејан Докиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот