ВИДЕО | Д-р Бухова: Не може доктор и некој што знае медицина да биде антиваксер

д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат
д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат / Утрински брифинг

За сите настани и работа во затворен простор има продоколи и е задолжително носење на заштитни маски. Никој не може и не смее да ги изложува вработените на зараза. Тие протоколи се прецизни, вели за Утрински брифинг д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Беитанија веќе ги симнува маските, а ние опстојуваме на таа одлука.

-Пандемијата е нешто што се менува и препораките се различни. И ние се соочивме со многу црни мерки. Различни се измените со различни земји. На Комисијата за заразни болести многу сериозно се разгледуваат овие прашања и ги следиме трендовите во другите земји. Но, кај нас во моментот има висока заразеност и ниска вакциниранот. Затоа мислам дека, според нашите услови, не можеме да си дозволиме да ги симнеме маските, вели д-р Бухова.

Градоначалникот на Охрид Пецаков најави дека ќе ја тужи д-р Бухова откако реагираше зошто тој како ковид позитивен излегол на Водици меѓу луѓе додека чекал резултати од ковид тестирање.

-Законот за заштита од заразни болести пропишува дека лице кое оди да се тестира на присуство на ковид задолжително до добивање на резултатот треба да биде изолирано дома, вели д-р Бухова.

Д-р Бухова вели дека Комисијата ќе предложи скратување на изолацијата поради природата на омикрон сојот кој е многу позаразен и побрзо се пренесува, а заразноста побргу престанува.

Заразата со омикрон во некои земји има фрапантни размери, а расте и во Македонија. Ако не се појави нов сој, некаде кон средината на годината би требало да дојде до смирување на ситуацијата, вели д-р Бухова. Сѐ зависи од тоа како ќе се одвиваат работите во следните две недели и дали ќе се одржува платото. Но, болниците се оптоваруваат.

-Оптоварено е примарното и секундарното здравство. Но, ако се шири болеста и ако 2 отсто се хоспитализирани ќе се оптоварат и болничките капацитети. Здравствените работници ангажирани во ковид центрите не стасуваат ни да искористат одмор. Некои здравствени работници и по вторпат или третпат имаат реинфекција со ковид, вели д-р Бухова.

Само половина од населението во Македонија е вакцинирано, а 80 отсто од оние кои се хоспитализираат не се вакцинирани.

-Не може доктор и некој што знае медицина да биде антиваксер, но немаме законски начин да го санкционираме тоа, вели д-р Бухова.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот