ВИДЕО | Царовска: Сите земји во регионот користат комбиниран модел за чекор до целосна дигитализација во образованието

Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

Сакаме да бидеме во чекор со земји како Естонија, како Словенија, кои се веќе чекор напред со дигитализацијата, поради тоа и воведувањето на електронски учебници е голем чекор напред за нас, изјави денеска министерката Мила Царовска, во одговор на новинарско прашање. Царовска објасни дека сите земји во регионот за почеток се водат од комбиниран модел за во образованието да се случи целосна дигитализација.

На прашањето како дигиталните учебници ќе влијаат врз здравјето на децата, Царовска одговори дека тоа нема да биде залудно потрошено време.

– Децата поминуваат многу непродуктивно време седејќи на дигиталните уреди со часови. На овој начин тие ќе добиваат квалитетни информации, ќе се запознаат со нови содржини и ќе го збогатат своето знаење – додаде Царовска.

Министерката истакна и дека со овој закон за учебници ќе се поставуваат филтри кои треба да обезбедат поквалитетни содржини во учебниците.

– Експерти и претставници од повеќе комисии ќе ги корегираат содржините каде имаше дискриминација. Тие учебници ќе бидат минато.  Оваа промена ќе придонесе до значење дека бубањето и помнењето на факти не е основа на образованието – заклучи Царовска.

По одлуката на Владата за електронски учебници, родителите реагираат: Наместо бесплатни книги, сега ќе даваме пари за принтани

„Се срамам од сите глупости“: Наставничката Весела, една од 50 најдобри во светот, ја искритикува „реформата“ во МОН

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот