ВИДЕО: Црвена звезда славеше во Санкт Петербург, Барса го запре Анадолу Ефес

Петта победа за Црвена звезда сезонава во Евролигата/Фото: kkcrvenazvezda.rs

Кошаркарите на Црвена звезда денеска триумфираа на гостински терен против Зенит во Санкт Петербург со 69:58 во 13. коло од Евролигата.

Белградските „црвено-бели“ стигнаа до бодовите благодарение на одличната одбрана за вкупно петта победа сезонава.

Американецот Бејт Волтерс беше најефикасен за српската екипа со 14 поени (пет скокови), а неговиот сонародник Џордан Мики за рускиот претставник постигна 16 поени (пет скокови).

Турскиот Анадолу Ефес до почетокот на средбата против Барселона имаше серија од четири победи во низа.

Беа блиску Турците да продолжат победнички, дадоа силен отпор против Каталонците, но во продолжението гостите беа подобри со 93:95, откако во регуларниот дел беше 80:80.

Кај домаќините доминираше Србинот Василије Мициќ со 26 поени (пет скокови, четири асистенции), а за Барса прв стрелец беше турскиот интернационалец Сертач Санли со 24 коша.

Се одиграа уште две средби од оваа рунда, Олимпијакос после едно продолжени го совлада Уникс Казан (84:87, 77:77), додека Алба Берлин со 81:76 славеше над Олимпиа Милано.

На табелата води Барселона со 11 победи и два порази, истиот учинок го има и Реал Мадрид на втората позиција, а третопласиран е Олимпијакос (9-4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот