ВИДЕО: Чудо во Дортмунд, Баер Леверкузен на дното во Бундеслигата

„Милионерите“ го претрпеа првиот пораз во Бундеслигата/Дортмунд, Германија/20 август 2022/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

После двете стартни победи од почетокот на новата сезона во Бундеслигата, Борусија Дортмунд дома изненадувачки не ја оправда фаворитската улога против Вердер Бремен.

Водеа „милионерите“ со головите на Бранд и Гереро и сите помислија дека ова ќе бидат три нови бода за составот на Терзиќ, гостите не се предадоа и на крајот дури победија.

Најпрвин намали Бјуканан во 89 минута, во 93 минута израмни Шмит, а Бурке во 95 минута го постави конечниот епилог (2:3).

Баер Леверкузен ја продолжува негативата серија на резултати, го претрпе и третиот пораз за моментно последно место на табелата без бодови.

Леверкузен сезонава ќе игра во групите на Лигата на шампионите, но од стартот на германското првенство веќе ги разочара своите навивачи откако загуби и од Хофенхајм (0:3). Во другите мечеви: Аугсбург – Мајнц 1:2, Штутгарт – Фрајбург 0:1 и Волфсбург – Шалке 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот